ГО ПАМЕТИМЕ КАКО СЛАТКОТО МОМЧЕ ВО КУЛТНИОТ ФИЛМ Сега ја освоил поранешната сопруга на Илон Маск (ФОТО)
Актерот Томас ги освои срцата на луѓето ширум светот во „Всушност, љубов“ во кој ја толкуваше улогата на момчето Сем кое имаше само 13 години.
Томас Броди Сангстер, актерот кој го паметиме уште како дете од филмот „Всушност, љубов“ е во врска со поранешната сопруга на Илон Маск, актерката Талула Рајли.
Актерот Томас ги освои срцата на луѓето ширум светот во споменатиот филм во кој ја толкуваше улогата на момчето Сем кое имаше само 13 години.
View this post on Instagram
Денес тој има 31 година, но изгледа многу помладо, па поради тоа лесно може луѓето да го препознаат на улица, а сега тој ја завел пет години постарата актерка Талула која е позната како поранешна сопруга на еден од најбогатите луѓе на светот – Илон Маск.
Талула со инвеститорот и милијардер се венчала дури двапати. Првиот пат пред олтар застанале во 2010 година, а се развеле во 2012, а потоа во 2013 година повторно се венчале, па се развеле во 2016 година.
View this post on Instagram
Томас ја запознал актерката на снимањето на филмот за „Sex Pistols“ во кој и двајцата глумат, а врската ја започнале минатото лето, но досега успешно се криеле од јавноста.
Папарацо фотографите оваа седмица ги „уловиле“ во романтична прошетка на Лондон во текот на која постојано се прегрнувале и бакнувале, со што потврдиле дека се пар.
Новопечениот пар ја изненади јавноста и поради тоа што Томас е многу помлад од поранешниот партнер на Талула.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм