АЛТЕРНАТИВА СО ЕДНА НОГА ВО ВЛАДА Заев го поканил Гаши на разговор

Aктивно ја следиме ситуацијата и согласно новите предизвици ќе донесеме одлука и ќе се произнесеме, вели Муртезани за Плусинфо.

1,814

Премиерот Зоран Заев во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство, односно дел од Владата.

Орхан Мурезани, член на Централното претседателство на Алтернатива и еден од нејзините основачи, претходно за Плусинфо рече дека партијата не води какви било разговори со власта, ниту пак има покана за преговори како што најави СДСМ во врска со зголемувањето на мнозинството во Собранието.






– Сега, засега ние сме опозициска партија и не водиме никакви приговори за какво било приклучување во Владата. Aктивно ја следиме ситуацијата и согласно новите предизвици ќе донесеме одлука и ќе се произнесеме – вели Муртезани за Плусинфо.

Минатата недела на прашањето дали Алтернатива ќе остане во опозиција или ќе влезе во владата, лидерот Гаши изјави дека тоа е „лесно прашање, но дека одговорот е тежок“.

– Да направиме анализи. Да се консултираме со меѓународниот фактор и ќе донесем одлука. Ако имаме силна потврда дека сме блиску до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме – рече Гаши.

Поврзани содржини