ЗАЕВ ИМ ЧЕСТИТА НА ФУДБАЛЕРИТЕ Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство
Фудбалската репрезентација вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го победи Исланд со 3:1 и ќе учествува во плејофот за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.
Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство во фудбал! Им честитам на нашите фудбалери кои нѐ носат во бараж и кои ни ја пружија оваа радост, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
– Горди сме на овој успех! Одиме понатаму, македонските срца се со вас – пишува во статусот.
Фудбалската репрезентација вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го победи Исланд со 3:1 и ќе учествува во плејофот за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.