ОТКРИЕНА ВОДА ВО ДАЛЕЧНА, МНОГУ ДАЛЕЧНА ГАЛАКСИЈА Таа била тука од почетокот на универзумот

Светлината од SPT0311-58 доаѓа од епохата на универзумот што сè уште не ја разбираме целосно, а ова откритие ни кажува дека водата била главен играч уште од почетокот. Тоа е важен дел од сложувалката што може да ни помогне да разбереме што се случувало во раниот универзум.

654

Водата веројатно била присутна многу порано во создавањето на универзумот одошто се мисли. Научниците успеаја да откријат молекула од H20 во галаксијата SPT0311-58, далеку, многу далеку од нас, дури на 12,88 милијарди светлосни години … Со други зборови, светлината која доаѓа од галаксијата, а која тие ја регистрирале со познатиот Големиот субмилиметарски интерферометар наречен АЛМА, е светлина од времето кога нашиот универзум бил стар помалку од една милијарда години, пишува ИФЛ Наука.

Останатите 12,88 милијарди години светлината од галаксијата патувала до земјата. Всушност, научниците веруваат дека галаксијата е направена од две галаксии кои се судираат. Во своевиден гравитациски танц на гасовите во вселената се создаваат многу нови ѕвезди, а меѓу ѕвездите се одвива интересна хемија како што е формирањето на водата и молекулите на јаглерод моноксид.






– Користејќи го АЛМА интерферометарот го набљудувавме во висока резолуција молекуларниот гас во парот галаксии познати колективно како SPT0311-58. Таму откривме и вода(H20) и молекули на јаглерод моноксид во поголемата од двете галаксии. Кислородот и јаглеродот се од клучно значење за животот каков што го знаеме – рече водечкиот автор д-р Сревани Јаругула од Универзитетот во Илиноис во изјавата.

Светлината од SPT0311-58 доаѓа од епохата на универзумот што сè уште не ја разбираме целосно, а ова откритие ни кажува дека водата била главен играч уште од почетокот. Тоа е важен дел од сложувалката што може да ни помогне да разбереме што се случувало во раниот универзум.

фото: pixabay.com

– Оваа галаксија е најмасивната галаксија во моментов позната од времето кога Универзумот бил сè уште многу млад. Таа има повеќе гас и прашина во споредба со другите галаксии во раниот универзум, што ни дава многу потенцијални можности да набљудуваме обилни молекули и подобро да разбереме како овие елементи што создаваат живот влијаеле на развојот на раниот универзум – додаде д-р Јаругула.

Водата е третата најчеста молекула во космосот. Првата е т.н. молекуларен водород – каде што се парат два атоми на водород – а втората е молекулата на јаглерод моноксидот. Покомплексните молекули познати како „прашина“ се загреваат со УВ светлина и потоа ја испуштаат во далечниот инфрацрвен дел од електромагнетниот спектар.

Астрономите исто така открија дека постои врска помеѓу водата и емисијата на прашина во вселената и мислат дека тоа одредува колку ѕвезди ќе се родат во таа галаксија.

– Оваа студија не само што дава одговори за тоа каде и колку далеку може да постои вода во Универзумот, туку и предизвика големо прашање: како толку многу гас и прашина се собрале за да формираат ѕвезди и галаксии толку рано во Универзумот? Одговорот бара дополнително проучување на овие и слични галаксии кои формираат ѕвезди за да се добие подобро разбирање за структурното формирање и еволуција на раниот универзум – вели д-р Јаругула.

Поврзани содржини