Не, мене Господ ќе ме спаси!

1,165

Си биле Трајче и Климе. Во градот каде што живееле паднале големи дождови, се излеала реката од коритото и почнал да се поплавува градот.

Трајче живеел на третиот кат, а водата стигнала до вториот. Доаѓа Климе со чамец пред прозор и му вика на Трајче:






– Трајче, качувај се во чамецов, да се спасуваме.
– Не бе, мене Господ ќе ме спаси.

Се качува водата до третиот кат, Трајче се качил на четвртиот, а ете го Климе пак доаѓа:
– Ајде бе Трајче, искачај кога ти викам!
– Не, ти реков мене Господ ќе ме спаси.

Водата се качува до последниот кат, Трајче се дави и оди кај Господ:
– Добро бе Господе, нели требаше да ме спасиш.

Го отвара тефтерот Господ, проверува, па му вика на Трајче:
– Што се буниш бе, Климе двапати го пратив да те спаси.

Поврзани содржини