НАЈМОЌНИОТ АНТИБИОТИК ВО ПРИРОДАТА Како се зема овој природен лек за настинки и грип?
Овој природен антибиотик, кој можете лесно да го подготвите сами, има силно антиинфламаторно дејство кое освен што го зајакнува имунолошкиот систем, ги убива бактериите и патогените микроорганизми.
За разлика од синтетичките антибиотици кои можете да ги купите во аптеките, овој лек не предизвикува несакани ефекти за вашето варење и цревната микрофлора и е сосема безбеден за употреба.
Куркумата содржи куркумин, полифенол, активна состојка која има над 150 терапевтски својства меѓу кои антивоспалителни, антиканцерогени и антиоксидантни својства.
Консумирањето мед и куркума го подобрува варењето и го зголемува бројот на добри бактерии во цревата.
Потребни состојки:
– 100 гр суров мед
– 1 лажица куркума во прав
Измешајте ги двете состојки за целосно да се соединат и истурете ги во чиста тегличка.
Како да се користи овој лек?
Веднаш штом ќе ги забележите првите симптоми на настинка или грип, земете го лекот на следниов начин:
Прв ден – Земајте половина лажичка од лекот на секој час.
Втор ден – земајте по половина лажичка на секои два часа.
Трет ден – земајте по половина лажичка три пати на ден.
Пожелно е лекот да не се голта веднаш, туку да се остави во устата да се раствори. Многумина велат дека по три дена од земањето на овој лек сите симптоми исчезнуваат, а за полесно консумирање можете да го додадете во топло млеко или чај.
Фото: Unsplash