ПРЕСОЗДАДЕНА СКРИЕНА СЛИКА НА ПИКАСО Компјутер помогна да се склопат коцките (ФОТО)

Да, во 1903-та, годината на Илинденското востание, Пикасо во сино ја направил „Осамената гола жена“ прво, а потоа ја пресликал и врз неа го поставил „Оброкот на слепиот“, негово познато дело од „Синиот период“. За да се пресоздаде првата слика научниците прво користеле рендген, па вештачка интелигенција ги имитирала четката и потезите на Пикасо за да ги пополнат празнините, а на крајот со 3Д-принтер да ја дадат исчезнатата текстура.

289

Слика од гола жена врз која Пикасо подоцна насликал нова слика беше одново „склопена“ од научниците, а компјутерска интелигенција и 3д-печатач помогнаа да се добие нејзиниот оригинален изглед, пишува Футуризам. Да се пресликува платно било вообичаена пракса негде во 1903 година, бидејќи така сликарите, вклучително и Пикасо, штеделе пари.

 






Да, во 1903-та, годината на Илинденското востание, Пикасо во сино ја направил „Осамената гола жена“ прво, а потоа ја пресликал и врз неа го поставил „Оброкот на слепиот“, негово познато дело од „Синиот период“. За да се пресоздаде првата слика научниците прво користеле рендген, па вештачка интелигенција ги имитирала четката и потезите на Пикасо за да ги пополнат празнините, а на крајот со 3Д-принтер да ја дадат исчезнатата текстура.

Но, дали е во ред дури и да се обидуваме да ја вратиме „изгубената уметност“, ако тоа не е она што уметникот можеби го сакал и мислел кога го создавал делото? Така мисли Тај Марфи, експерт на Пикасо од „Домос Арт“ во фирмата за должно внимание на уметноста советници.

– Историјата ни покажа дека луѓето секогаш ќе ја имитираат работата на другите уметници – рече Марфи за Си-Ен-Ен. – Тоа е истражување на умот на Пикасо.

Иако е неверојатно, ова доведува до низа етички прашања. Морално ли е ваквото пресоздавање на туѓи дела? На крајот на краиштата, технологијата може да ни даде асоцијација за она што мртвите уметници можеле да го мислат … но, никогаш нема да биде автентично и вистинско.

Поврзани содржини