КАРПОШАНИ ЌЕ ИМААТ КАДЕ ДА ПАРКИРААТ Јакимовски ќе изгради четири катни гаражи

Овде во Карпош 2 ќе се гради катна гаража на 1.200 метри квадратни во која ќе бидат сместени 230 возила и ќе се стави на располагање на граѓаните од овој дел на Карпош 2, а тоа значи дека ниту едно возило нема да биде надвор од катната гаража, рече кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

221

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави изградба на четири катни гаражи во населбите Карпош 1 и Карпош 2 со коишто треба да се реши проблемот со паркирање на жителите од овие населени места.

– Овде во Карпош 2 ќе се гради катна гаража на 1.200 метри квадратни во која ќе бидат сместени 230 возила и ќе се стави на располагање на граѓаните од овој дел на Карпош 2, а тоа значи дека ниту едно возило нема да биде надвор од катната гаража. Секој граѓанин кој живее тука ќе има картица со која ќе може слободно да влегува во оваа катна гаража. Покрај тоа ќе бидат направени три катни гаражи во делот на Карпош 1 и со ова сметам дека овие населби нема да ги имаат проблемите кои што денеска ги имаат – најави Јакимовски.

Поврзани содржини