СЕ БОРИМЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО КАРПОШ Весковски ќе формира Совет на жени уште во првата година

Нашата политика во наредните четири години е доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош, порача Душко Весковски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.

223

Со заеднички сили во наредните четири години ќе делуваме и ќе дејствуваме за родова еднаквост. Насочени сме на проекти кои ќе им ја подобар позицијата на жените во општината и ќе им ги признаат квалитетите, без компромис, порача Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ.

– Нашата политика во наредните четири години е доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош. За реализација на тие политики, уште во првата година од мандатот ќе формираме Совет на жени, кој ќе го предводат жени-лидери во областите во кои дејствуваат и во кој, низ различни форми, може да членуваат сите заинтересирани жени во општината. Клучната улога на Советот на жени ќе биде преку учество во креирањето политики и изготвувањето проекти спроведување на родовата еднаквост во
општината. Поддршка на жените од ризични групи, а особено наша цел ќе биде олеснување на секојдневниот живот на самохраните мајки со изготвување и спроведување проекти во соработка со НВО што се занимаваат со оваа проблематика – рече Весковски.

Поврзани содржини