ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ЗАСТАНАА ЗАД ПРОГРАМАТА ЗА СООБРАЌАЈ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА Демантираат дека ќе пропаднат ако има бесплате јавен превоз
Ваквите тврдења не се точни и покажуваат основно непознавање на тоа како приватните превозници функционираат во Градот Скопје, таквите очигледно исто така не знаат дека такси превозот никогаш не бил и не може да биде конкуренција на линискиот автобуски превоз на патници, вели Јовановски од „Слобода превоз“.
Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ информира дека ја поддржуваат најавата за бесплатен јавен превоз и демантира дека доколку дојде до тоа приватните превозници ќе пропаднеле. Тој истакна дека во делот на сообраќајот, приватните превозници ја поддржуваат програмата на независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
„Почитувани, како засегната страна, која практикува во дејноста Јавен линиски превоз на патници во Град Скопје и како приватни превозници, ви се обраќаме да ги негираме шпекулациите објавени од политичка партија, кои произлегуваат од незнаење, но и најверојатно заради отсуство на комуникацијата со нас во изминативе години и покрај многубројните проблеми со кои се соочувавме особено за време на пандемијата со ковид-19 и заради големите финансиски проблеми кои произлегуваа од ненавремени исплати и големи долгови од Град Скопје преку ЈСП кон нас превозниците.
Зачудени сме од загриженоста на некои фактори кои години наназад придонесуваат кон наше уништување, а сега се наводно загрижени за нас со тврдењето дека доколку се воведе бесплатен јавен превоз ни ќе сме пропаднале. Ваквите тврдења не се точни и покажуваат основно непознавање на тоа како приватните превозници функционираат во Градот Скопје, таквите очигледно исто така не знаат дека такси превозот никогаш не бил и не може да биде конкуренција на линискиот автобуски превоз на патници.
Информираме и дека ние ја поддржуваме идејата за бесплатен јавен превоз, како што ќе поддржиме и ќе помогнеме во реализација на сѐ и секоја идеја која ќе биде во интерес на граѓаните и сообраќајот во Скопје, како секогаш така и сега. Ние како приватни превозници, а не има од сите етникуми, политички партии и партиски неопределени ја поддржавме програмата за сообраќај на кандидатот за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска заради тоа што единствено таа во нејзината програмата не спомнува нас како приватни превозници и со конкретна поддршка за нас како такви“, се вели во информацијата од Јовановски.