ПЕСНА ПО НЕОБЈАВЕН ТЕКСТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ Ќе ја пее Наташа Беквалац, се работи за нејзините љубови
Не можам да кажам дека оваа песна лечи душа, поточно ова е песна за душа, открива Беквалац.
Стотици мега-хитови излегоа од перото на само една жена, легендарната Марина Туцаковиќ која неодамна ја зави Србија во црно со својата смрт. А, по сѐ изгледа таа имала многу необјавени текстови.
Еден од нив се однесува на љубовниот живот на Наташа Беквалац и ќе биде преточен во песна која ќе се најде на новиот албум на пејачката, пишува Хитпортал. Според српските медиуми, текстот по смртта на Марина добива сосема друга конотација.
– Не можам да кажам дека оваа песна лечи душа, поточно ова е песна за душа – открива убавата пејачка.