ДАЛИ НАВИСТИНА НАСТИНКА СЕ ДОБИВА ОД СТУД, А НАЈМНОГУ БАКТЕРИИ ОД КЛОЗЕТСКА ШОЛЈА? Ова се 8 познати народни митови во кои многумина веруваат

Со оглед на тоа дека тие народни верувања преживеале со децении, па дури и со векови, сигурно има зрно вистина во нив - но дали се целосно вистинити?

1,305

Иако живееме во ера на наука, некои народни верувања сѐ уште се одржуваат добро меѓу луѓето. Со оглед на тоа дека тие преживеале со децении, па дури и со векови, сигурно има зрно вистина во нив – но дали се целосно вистинити? Reader’s Digest набројал осум митови кои всушност и немаат многу врска со вистината.

Мит 1: Путерот се става на изгореници
Ова не се препорачува бидејќи путерот всушност ја зголемува температурата на кожата со тоа што ја „запечатува“ изгореницата и го спречува протокот на воздух. Наместо путер, прва помош при изгореници е ладна вода, а 10 до 20 минути под вода ќе ви помогне да ја намалите болката и да го спречите ширењето на изгорениците.






Мит 2: Настинката доаѓа од студот
Настинката е предизвикана од вируси, а не од температурата на воздухот. Совршена средина за фаќање вируси се затворени простории со многу луѓе. Сепак, истражувањата од Универзитетот Јеил покажаа дека студениот нос ја намалува способноста да се заштитите од настинка.

Мит 3: Можете да соберете најмногу бактерии со седење на тоалетна шолја
Иако бактериите и вирусите можат да останат таму кратко време, малку е веројатно дека ќе се заразите. Многу е поверојатно дека ќе се заразите со нешто од водата што прска додека ја пуштате или од рачката. Затоа е секогаш потребно да ги измиете рацете.

Мит 4: Јајцата предизвикуваат висок холестерол
Јајцата се исклучително хранливи, иако содржат холестерол. Меѓутоа, за да се намали ризикот од срцеви заболувања, лекарите препорачуваат намалување на внесот на заситени масти во храната како што се пити, колбаси, колачи и млечни производи. Нема препорачани ограничувања за дневниот внес на јајца, освен забелешката дека треба да бидете умерени во ова, како и во сите други работи.

Мит 5: Чоколадото е здраво
Една коцка темно чоколадо навистина има здравствени придобивки, но проблремот е токму во тоа. Имено, кој може да застане по една коцка? Чоколадото е полно со маснотии, шеќер и калории – накратко, не е здрава храна.

Мит 6: Алкохолот загрева
Да, се чувствувате топло, но само по првата голтка, и тоа е затоа што крвните садови се шират, така што крвта се приближува до кожата. Сепак, ова долгорочно (по повеќе голтки) значи дека побрзо ќе ја губите телесната топлина.

Мит 7: Крцкањето на прстите предизвикува артритис
Истражувањата покажуваат дека нема штета од популарното крцкање на прстите. На пример, еден американски лекар ги крцкал зглобовите само на едната рака цели 50 години и во голема студија заклучил дека оваа заразна и, за некои, иритирачка навика не е поврзана со артритис.

Мит 8: Ако можете да се движите, значи не е скршено
Зглобовите се поврзани со лигаменти, тетиви и мускули, па можете да користите и скршена коска. Ако се сомневате во фрактура, задолжително побарајте медицинска помош за да избегнете инфекција или деформитет.

Фото: Инстаграм

Поврзани содржини