АВТОМОБИЛИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА ЌЕ „ЗБОРУВААТ“ СЛОВЕНЕЧКИ Возачите кои не знаат странски јазик нема да прават утки во сообраќајот
Оваа одлука ја донело Министерството за култура на Словенија, повикувајќи се на Законот за употреба на словенечкиот јазик, наведувајќи дека автомобилите чии уреди имаат команди на странски јазик може возрасните возачи, кои не го знаат јазикот да им предизвика проблем во сообраќајот.
Автомобилите во Словенија наскоро ќе мора јазично да бидат приспособени. Тоа значи дека корисничките упатства во електронските уреди ќе мора да бидат приспособени за тој пазар, односно да бидат на словенечки јазик, пишува српски Бизнис.
Иако одделни произведувачи како што се Фолксваген, Рено, Шкода, Дачиа и Нисан веќе имаат приспособени системи, останатите увозници имаат рок од шест месеци своите системи да ги приспособат во согласност со прописите.