КРИТИКИ ЗА ЃОКОВИЌ Има 500 милиони долари! Од што е Новак под стрес, од броење пари ли?
Моменталната ситуација е дека тенисот е игра на нерви за милијарди, изјави Пјетранџели.
Некогашниот италијански тенисер Никола Пјетранџели се осврна на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев во финалето на УС Опен.
– На крајот на педесетите и почетокот на шеесетите години освоив околу 44 турнири, од кои четири пати Ролан Гарос. Со наградите кои ги добивав не можев да купам ниту мал стан. Тенисерите денеска за освоен гранд-слем добиваат по два и пол милиони долари. Е тука се лутам. Ѓоковиќ има на пример 500 милиони долари и понатаму излегува и игра финале под стрес. Моменталната ситуација е дека тенисот е игра на нерви за милијарди – изјави Пјетранџели.