СТРАВОТ ОД НЕПОЗНАТОТО НИ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ Совети како да го заштитите менталното здравје во време на корона

Бјелац и Адамовиќ имаат неколку совети за луѓето кои имаат тешкотии со пандемијата, вонредната состојба и забраната за движење.

306

Како да останете здрави во времето на корона е едно од главните прашања – целта е да не кашлате, да не кивате и да не добиете треска.

А како да се заштити менталното здравје?






(Не)контрола

Недостатокот на контрола и неизвесноста се најголемиот проблем за луѓето, вели за српскиот Би-Би-Си, Сандра Бијелац, психотерапевт во Српскиот институт за онкологија и радиологија.

– Затоа луѓето опсесивно ги гледаат вестите, се дружат на социјалните мрежи, собираат и точни и неточни информации, мислејќи дека тоа ќе обезбеди мир, а со тоа си прават полошо – додаде таа.

Според нејзе, немаме искуство со вакви ситуации, а кога тоа е случај, тогаш нема од каде да црпиме ресурси за да се избориме со тешкотиите.

– Не можеме да имаме контрола над ситуацијата, сѐ е целосно непознато, а целиот свет е засегнат и сите сме исти, така што немаме ниту репер кон кој би можеле да управуваме – додаде таа.

На лекарите не им беше лесно во последните денови, ниту да се грижат за телото, ниту за умот.

Сандра Бијелац го остави нејзиниот телефонски број на Твитер и ги покани сите што имаат потешкотии да ја контактираат.

– Се јавуваат, бараат разговор. Најчесто, тоа се осамени луѓе со анксиозни нарушувања, кои се затворени во куќи поради хронични заболувања. Првото нешто што ме прашуваат луѓето е: „Дали само мене ми се случува или вака е за секого?“ Не, тоа се случува секому. Стравот од непознатото ни предизвикува проблеми – вели таа.

Таа не е единствената, бројни експерти за ментално здравје се организираа преку интернет, а списокот на сите што нудат помош доброволно беше објавен од страна на онлајн советувалиштето „Ајде да зборуваме за тоа“. Меѓу нив е и Тања Адамовиќ, психотерапевт.

– Имам впечаток дека како професионалци за ментално здравје треба да сме овде сега. Има и такви што го направија истото за време на поплавите – изјави Адамовиќ за српското Би-Би-Си додавајќи дека ова е криза и сѐ треба да се сфати многу сериозно.

Совети

Бјелац и Адамовиќ имаат неколку совети за луѓето кои имаат тешкотии со пандемијата, вонредната состојба и забраната за движење.

  • Ограничете ги вестите и внимавајте што читате

– Луѓето буквално се бомбардирани со информации, што создава вознемиреност и паника. Најважно е да се следи она што го велат лекарите. Следете ги релевантните медиуми и други извори на информации, како што е веб-страницата на Министерството за здравство и Светската здравствена организација – вели Адамовиќ.

  • Зборувајте за стравовите

– Многумина се загрижени и мислат „дали ќе полудам сам во куќата, затворен во четири ѕида“. И ако немаат можност да разговараат со никого, тогаш ситуацијата е уште полоша. Самиот факт дека постои можност да повикате некого веќе го смирува. Затоа е добро што е можно повеќе да се зборува за стравови  – вели Бијелац.

  • Прашањето за социјалните мрежи

Колку се добри, толку се лоши. И во време на криза, тие знаат да бидат навистина лоши.

– Од една страна, има голема количина непроверени информации што доаѓаат од сите страни, така што, тие треба да се ограничат и не треба таму да се бараат информации. Сепак, тие се одлични за одржување контакти со пријателите, особено ако сите сме во изолација – вели Адамовиќ.

  • Рутина

– Се обидувам да допрам до луѓето да воведат рутина дневно или барем колку што можат повеќе. Особено ако се затворени во четири sида. Ме повика жена во шеесеттите години од својот живот, која инаку е многу физички активна, а сега тоа не е возможно. Може да правите вежби во станот, преземете го планот за вежбање преку интернет – вели Бијелац.

  • Дајте му „работа“ на мозокот

„Сѐ што може да ви го одвлече вниманието е добро. Книги, филмови, хоби во кое уживате. Меѓутоа, не треба да претерувате со тоа и да бегате од реалноста. Да се ​​вратиме на работите што ги сакаме и кои нѐ смируваат. Тоа е многу подобро отколку паника по слушање на вестите – вели Адамовиќ.

Што е следно? Никој не го знае тоа – но мора да се оди без страв, ден по ден. Ќе има секакви проблеми, дури и со ментално здравје, но и тие не се нерешливи.

– На пример, карантинот. Ќе има кавга дури и кога ќе ги затворите луѓето што се сакаат најмногу на светот, во четири sида, неколку недели. Треба отворено да зборуваме за тоа, тоа им се случува на сите и сите поминуваме низ тоа – наведува Бијелац.

Поврзани содржини