ДОПОЛНИТЕЛНИ 540.000 ДОЛАРИ ГРАНТ ОД САД Пари за борба против корупцијата и за економска конкурентност
Со овој амандман, вкупната вредност на грантот за партнерство за развој се зголемува, односно ќе изнесува 8.798.792 американски долари.
Владата на денешната седница ја прифати информацијата за потребата од склучување амандман на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави со кој се предвидуваат дополнителни 540.000 американски долари, соопштија од Владата.
Со овој амандман, вкупната вредност на грантот за партнерство за развој се зголемува, односно ќе изнесува 8.798.792 УСД. Со амандманот доделените средства од 540.000 американски долари се распределени за постигнување на развојната цел за зајакната економска конкурентност и за мерките борба против корупцијата.
– Освен за овие цели, грантот на САД, кој се реализира преку УСАИД, е наменет и за поддршка на продуктивноста, за проширена интеграција на земјата во евроатлантските регионални пазари, за зајакнување на енергетската безбедност и сигурност, за програми за поголемо учество на младите во општеството и за зајакнување на нивните економски можности и социјални вредности, како и за зголемена отчетност на јавниот сектор и за зајакнување на културата на отчетност кај граѓаните, соопштија од Владата.