ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН ПО 50 ГОДИНИ Канарскиот остров Ла Палма во пламен ВИДЕО
Но, сега најневеројатното нешто што никогаш не сум го доживеал е дека бучавата што доаѓа од вулканот, звучи како...дваесет борбени авиони да полетаат и е исклучително гласно. Неверојатно, вели Јонас Перез, локален туристички водич.
Вулкан на шпанскиот остров Ла Палма, на Канарските Острови, еруптираше, исфрлајќи цели јазици со лава и пепел 50 години по последната ерупција од 1971 година, јавува Би-Би-Си.
Островот беше во состојба на готовност за можна ерупција во текот на изминатата недела, а неговите 80.000 жители беа советувани да се евакуираат.
Претседателот на Канарските Острови, Ангел Виктор Торес, за ТВЕ изјави дека досега нема пријавено повредени граѓани.
Вулканот кој еруптираше е на југот на островот Ла Палма, каде живеат 80.000 луѓе.
Ерупцијата започнала околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич) и испратила лава што тече по ридот кон селата.
Јонас Перез, локален туристички водич, рече дека сѐ уште може да почувствува потреси од ерупцијата.
– Но, сега најневеројатното нешто што никогаш не сум го доживеал е дека бучавата што доаѓа од вулканот, звучи како…дваесет борбени авиони да полетаат и е исклучително гласно. Неверојатно… – додаде тој.
Евакуаирани биле четири села, вклучувајќи ги Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан, а биле поставени привремени засолништа за нивните жители.