Милан Лаќа Радуловиќ откри на Твитер дека состојбата на неговата мајка, познатиот текстописец Марина Туцаковиќ е полоша отколку што беше познато и дека има метастази во белите дробови, мозокот и на коските.
Имено, по вчерашната драма што се случувала во домот на семејството Туцаковиќ, Лаќа за „Телеграф џесет“ потврдил дека Марина е позитивна за коронавирусот, како и дека поради тоа ѝ се влошила здравствената состојба.
„Рак со метастази во црниот дроб. Белите дробови. Мозокот. Коските“, напишал Лаќа подоцна на Твитер.
Марина и понатаму е респираторно нестабилна, со метастази на белите дробови и со коронавирус, објави српски „Блиц“.
Дека на Марина не ѝ е добро се дозна преку објавата на Лаќа од вторникот.
„Мајка ми има тешко гушење. Службата на терен може да пристигне само во 14 часот, што може да биде и предоцна. Не сака да легне. Дали има некој број од стручно лицец кое би можело да ја прегледа што е можно поскоро? Ние сме во Белград, во Врачар“, напиша тогаш Милан.
Нејзината лоша состојба ја потврдил и сопругот Александар Радуловиќ Фута.