МУ СТАВАЛА ВАКЦИНА, Ѝ ЈА СВИТКАЛ РАКАТА Хорор-случка во болница во Белград

Екипа на Брза помош дошла и ја одвела докторката на ортопедија, каде што утврдиле дека имала повреда на зглобот.

773

Докторка од Здравствениот дом „Стари град“ на улицата Симина во Белград денеска била нападната од пациент кој за време на вакцинацијата ја фатил и ѝ ја свиткал раката, дознава Телеграф. Екипа на Брза помош набрзо дошла и ја одвела докторката на ортопедија, каде што утврдиле дека имала повреда на зглобот.

Уште не е познато зошто докторката била нападната, но добрата вест е што повредите не се големи, констатирале ортопедите од Институтот во Бањица.

Поврзани содржини