ИАКО НЕМА ДОКАЗИ, ТРАМП ПРЕДВИДУВА КРАЈ НА САД ЗА ТРИ ГОДИНИ Во исто време, тој ќе се кандидира во 2024 година! (ВИДЕО)
Откако Трамп рече „дека нашата земја навистина отиде во надолна линија во последните осум месеци како никогаш досега“, тој предвидува, без да понуди никакви докази, дека на земјата ќе и дојде крајот.
Каков парадокс! Доналд Трамп предвидува дека Америка ќе престане да постои за три години, а тој исто така навестува дека би можел да се кандидира за претседателската функција во 2024 година – за три години.
Поранешниот претседател во вторникот даде контрадикторни тврдења во интервју за американската мрежа Њузмакс со неговиот поранешен секретар за печат во Белата куќа, Шон Спајс.
Откако Трамп рече „дека нашата земја навистина отиде во надолна линија во последните осум месеци како никогаш досега“, тој предвидува, без да понуди никакви докази, дека на земјата ќе и дојде крајот.
– И вие ќе одите на овие избори во 22 и 24, а ние ќе останеме без земја – рече Трамп.
– Изборите беа наместени, а ние ќе останеме без земја за три години, еве ви го кажувам тоа – додаде тој.
Веднаш потоа Трамп рече дека ја донел одлуката за трката во 2024 година и дека неговите следбеници ќе бидат среќни, по што Спајс го праша поранешниот претседател кога може да ги објави своите планови, пренесува Хафингтон пост.
Трамп избегна директен одговор, но му вети на Спајс дека ќе биде задоволен од одлуката, а тој исто така тврдеше дека Америка денес е „за потсмев“.