ЗАМИНУВА И ЗАМЕНИКОТ НА ФИЛИПЧЕ Илир Хасани поднесе оставка, вели дека нема ништо над достоинството!
И економскиот директор на тетовската клиничка болница Артан Етеми поднесе оставка, од морални причини.
Од попладнево лавина од оставки во ресорот здравство, кои дојдоа два дена по страшната трагедија која се случи во тетовската мдуларна болница.
Прв оставка од морални причини поднесе директорот на тетовската клиничка болница Флорин Бесими, па економскиот директор Артан Етеми.
Доцна попладнево оставка поднесе и заменик министерот за здравство Илир Хасани, како што наведе, од морални причини.
„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за градењето на модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е чин за кој сметам дека треба да го направам во моментов, и со тоа да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу себе. Нема ништо над достоинството“, напиша Хасани.