ФИЛИПЧЕ ВО 19 ЧАСОТ ЌЕ И СЕ ОБРАТИ НА ЈАВНОСТА Што ќе каже министерот на вонредната прес-конференција?
Министерот за здравство Венко Филипче за вечерва во 19 часот закажа јавно обраќање.
Освен оваа реченица, не е наведено во објавата зошто министерот вечерва ќе и се обрати на јавноста, имајќи предвид дека вчера попладне на прес-конференција соопшти детали за трагедијата во Тетово.
Денеска од морални причини оставка даде директорот на тетовската клиничка болница Флорин Бесими, а шефот на државата Стево Пендаровски за телевизија Алсат-М, рече дека кога тој би се нашол во таква позиција, без размислување би поднел оставка од морални причини.
Медиумите веќе шпекулираат дека најверојатно обраќањето на Филипче ќе биде поради истата одлука, иако вчера тој рече дека за тоа дали ќе замине од министерската позиција, ќе одлучи по завршување на истрагата.