МЛАДИТЕ КОИ ЗЕМААТ КАНАБИС ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖЕНИ НА СРЦЕВ УДАР Истражување во Канада

Канабисот кој денеска се продава на пазарот е многу по моќен од канабисот кој се продавал во изминатите 50 години, вели Роберт Пејџ од американското здружение за срце, кое не било вклучено во студијата.

501

Лицата помлади од 45 години, кои консумирале канабис во изминатите 30 дена, имале речиси двојно поголем број срцеви удари од возрасните кои не зеле, според истражувањето објавено во списанието на канадската медицинска асоцијација, пренесува Си-Ен-Ен.

Истражувачите анализирале здравствени податоци од повеќе од 33.000 возрасни од 18 до 44 години вклучени во анкетата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести 2017 и 2018 година.






Од 17 отсто возрасни кои пријавиле дека користеле канабис во изминатите месеци, 1,3 отсто подоцна имале срцев удар, само 0,8 отсто корисници кои не зеле канабис го пријавиле истото.

Некои луѓе претпоставуваат дека консумирањето на канабис е безбедно и дека не може да наштети на организмот, но тоа не е точно – вели водечкиот автор на студијата д-р Карим Ладха, клиничар, научник и анестезиолог од болницата Свети Михаелс и од Универзитетот во Торонто.

-Има сè повеќе докази дека тоа би можело да ви наштети, како краткорочно така и долгорочно – вели тој.

Студијата не истражувала како канабисот влијае на здравјето на срцето, вели д-р Ладха, но забележал дека претходното истражување покажало дека може да влијае на бројот на отчукувањето на срцето.

-Кога нечиј пулс станува неправилен, може да го зголеми количеството кислород кое му е потребно на срцето – објаснил Ладха и додал дека канабисот истовремено може да го ограничи количеството на кислород кое е испорачано во срцето.

-Тоа што на крајот го имате е неусогласеност на понудата и побарувачката на кислород која во основа доведува до срцев удар – вели докторот.

Канабисот кој денеска се продава на пазарот е многу по моќен од канабисот кој се продавал во изминатите 50 години, вели Роберт Пејџ од американското здружение за срце, кое не било вклучено во студијата.

-Ова не е тоа што се консумирало на Вудсток, ова е многу моќно – вели тој и додал дека многу луѓе не се ни свесни дека канабисот може да има негативна интеракција со другите лекови.

Пејџ додал дека канабисот се метаболира преку џигерот, што значи дека има потенцијал на интеракција со многу лекови за кардиоваскуларни болести, како тие за разредување на крвта.

Истражуваето детално ја опишува и потенцијалната корист од употреба на канабисот за ублажување на болки и во други медицински цели, но негативните последици не би требало да се занемарат – вели коавторот на студијата д-р Давид Мазер, анестезиолог во истата болница и професор на одделението за анестезија и физиологија на Универзитетот во Торонто.

Американското здружение за срце не препорачува консумирање на канабис во кое било количество – вели Пејџ.

Нивните истражувачи забележале потенцијална поврзаност со мозочен удар, но и со оштетување на белите дробови.

Поврзани содржини