ПОСТ-КОВИД СИМДРОМ Како живеете после коронавирусот?

Во Велика Британија, 62% од луѓето се веќе целосно вакцинирани. Но, не е познато дали имунизацијата штити од пост-ковид. Прашањето сѐ уште е под истрага.

727

Речиси еден милион Британци страдаат од пост-ковид синдромот, кој целосно им го промени животот. Две третини од нив не можат да се справат со своите работни обврски, а една од пет не е веќе способна за работа, се вели во анализата на Дојче веле (ДВ).

Хелен од Централна Англија е болна од октомври 2020 година, а Ники од југоисточната област Девон има различни симптоми веќе 18 месеци. Таа е толку уморна што повеќе не може да се справи со работните обврски. Останува без здив, не може да се концентрира и има проблеми со меморијата. Долго не знаеше која е причината за нејзиното страдање и мислеше дека тоа е изолиран случај сѐ додека не прочита статија во „Гардијан“ за пост-ковид синдромот. Поради тоа на Фејсбук е создадена група „Long Covid Support Group“ во која луѓето со слични проблеми ги споделуваат своите искуства и се поддржуваат едни со други.






Групата има повеќе од 43.000 членови, што одговара на зголемениот број заболувања. Засега нема тестови за идентификување на пост-ковид синдромот, но британската Национална статистичка служба објави месечни проценки од април. Нејзините бројки од јули покажуваат дека 950.000 луѓе сѐ уште не се опоравуваат повеќе од четири недели по болеста. 400.000 од нив страдаат од пост-ковид синдром повеќе од една година. Една од членовите на групата, Клер Хести, вели: „Не е лесно да се живее со пост-ковид. Не можев да работам повеќе од една година, а сега работам многу помалку отколку порано. Ние не живееме вистински живот“.

Дали има лек?

Во Велика Британија, 62% од луѓето се веќе целосно вакцинирани. Но, не е познато дали имунизацијата штити од пост-ковид. Прашањето сѐ уште е под истрага.

Имунологот Дени Алтман објаснува: „Може да се каже дека откако некој ги примил двете дози пред да се сретне со вирусот, најверојатно никогаш нема да се разболи и нема да има пост-ковид синдром. И ако го држиме нискиот број случаи, не треба да се грижиме за пост-ковид во иднина. Но, едноставно не можеме да се надеваме дека се додека само младите луѓе се инфицираат, или ако многумина ја водат болеста без симптоми, никој нема да добие пост-ковид синдром“.

Во Велика Британија, во меѓувреме, постојат 89 клиники за лекување на пациенти со пост-ковид, во кои работат екипи специјалисти: пулмолози, кардиолози, психотерапевти. Интересот е голем, а за прием пациентите треба да чекаат со месеци. Но, тоа не е гаранција дека симптомите ќе исчезнат. Дени Алтман забележува дека ова е всушност сосема нова болест за која нема тестови или лекови. „Ме фаќа паника од двете страни: пациентите очајно бараат помош, а лекарите го гледаат ова, но немаат идеја како би можеле да помогнат“.

Кои би можеле да бидат причините?

Алтман се обидува да го открие синдромот во неговата лабораторија. Една од тековните тези е дека вирусот останува во телото, на пример во цревата. Друга теорија сугерира дека коронавирусот го оптоварува имунолошкиот систем како еболата. Исто така, постојат сугестии дека ги оштетува органите и крвните садови.

Сепак, најверојатната теза се чини дека ковид-19 предизвикува нова автоимуна болест, како што е дијабетес тип 1 или ревматоиден артритис. Оваа теза е поткрепена со фактот дека жените се многу повеќе погодени од мажите – жените обично имаат поголема веројатност да страдаат од автоимуни заболувања. Алтман има намера да развие тест на крвта во рок од 6-9 месеци за да дијагностицира пост-ковид.

Овој тест треба да биде способен да идентификува одредени авто-антитела кои се пообилни кај пациенти со пост-ковид и да формира терапија базирана на тестот.

Како можат оперските пејачи да помогнат?

Сепак, има уште долг пат пред пациентите да ги искористат предностите на тестот. Дотогаш, клиниките можат само да се обидат да ублажат одредени синдроми, како што е тешкотии при дишењето.

За таа цел, клиниките прибегнуваат кон неконвенционални методи – шест недели, пациентите со пост-ковид учат повторно да дишат нормално со помош на … оперски пејачи. Бидејќи од третманот на други хронични заболувања е познато дека пеењето може да ја стимулира активноста на белите дробови. Програмата е наменета и за луѓе кои воопшто не знаат да пеат, но и онака од учесниците не се очекува да изведуваат оперски арии – за нив е подготвен комплет приспивни песни, кои не се комплицирани.

Зошто симптомите ги нарекуваат психолошки?

Поради недостаток на дијагностички тестови, лекарите често не веруваат во жалбите на пациентите и затоа нивното страдање го дефинираат како психолошко. Токму тоа и се случи на Хелен: „Постојано ми велеа дека имам невроза од страв. Шефот на една од клиниките за ковид-19, во мојата дијагноза напиша дека моите проблеми со дишењето се психолошки. Ако имав доволно енергија, ќе поднесов жалба“.

Хелен веќе не може да работи, а исто така и Ники. Две третини од пациентите по Ковид не успеваат да се справат со своите секојдневни обврски. Околу 20 проценти се премногу болни за работа, покажуваат статистиките. Доколку да не ја загубат работата, губат барем дел од својот идентитет.

Поврзани содржини