УЖАС ВО ФЛОРИДА Убиена мајка со бебе во раце и уште тројца минувачи

1,142

Во Флорида рано утрово беа убиени четири лица, вклучително и мајка со бебе во рацете, а осомничениот напаѓач бил толку агресивен што откако бил уапсен, во болницата се обидел да му го одземе пиштолот на еден од полицајците, соопшти локалната полиција.

Според Си-ен-ен, единаесетгодишно девојче е тешко повредено со неколку куршуми, и веднаш било префрлено во болницата Тампа за операција.






Шерифот на округот Полк, Грејди Дад изјави дека неидентификуваниот осомничен носел панцир кога бил пронајден пред куќа во Лејкленд, пренесе АП.

Како што информира локалната полиција, при распитот тој признал дека е под дејство на дрога.

Поврзани содржини