ЛЕВИЦА ВО ЦЕНТАР ЌЕ ТРЧА СО ИНЖЕНЕР АРХИТЕКТ Андреа Јанков ќе работи за хумано и самоодржливо урбано живеење
Кандидатот за градоначалник на Левица е вработен во „Елена Лука Инженеринг“ и е љубител на природата и основач и претседател на здружението на граѓани „Го Сакам Водно“.
Андреа Јанков е кандидат за градоначалник на општиона центар на партијата Левица.
Партијата информира дека тој е магистер инженер архитектс о магистерска теза од областа на самоодржливоста и неинвазивната архитектура. Роден е во 1982 година во Скопје, Општина Центар. Тој е и посветен работник со 14 години искуство во приватниот сектор, овластен проектант и инженер за изведба со Овластување Б (од 2012 година), тековно вработен во „Елена Лука Инженеринг“. Љубител на природата и основач и претседател на здружението на граѓани „Го Сакам Водно“. Оженет и татко на две деца.
Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво.