НЕМА КРАЈ НА АЛЧНОСТА НА ТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС Ја уценува и бара 2 милиони долари

676

Авокатите на Бритни Спирс тврдат дека нејзиниот татко, Џејми Спирс, се обидува од неа да добие два милиони долари пред да отстапи од местото на нејзин старател, пренесува „Мирор“. Пејачката го потврдила ова во новите правни документи.

Странските медиуми пишуваат дека Бритни истакнала дека нејзиниот татко претходно признал дека за него би било најдобро да се повлече од местото нејзин старател и дека тој само сака пари од неа.






Наводно, на Џејми му требаат пари за да ги плати своите адвокати и поранешни деловни соработници. Меѓутоа, адвокатот Метју Розенгарт не сака да попушти пред барањата на Џејми Спирс.

– Таткото ѝ на Бритни Спирс нема ништо да изнудува. Тој нема право да поставува услови за отстранување од местото старател. Требаше веќе да се повлече. Би било пристојно и правилно – изјавил Розенгарт за странските медиуми, додавајќи дека ќе побара да го суспендираат доколку Џејми не се повлече од местото старател до крајот на септември, кога е закажано судење во Лос Анџелес.

Инаку, Џејми Спирс неодамна се согласи да се повлече од местото долгогодишен старател на Бритни Спирс. Тој потоа изјави со своето старателство над неа „ја спасил од катастрофа“ и дека јавноста всушност ќе го пофали, а не да го оцрнува, доколку го знае степенот на нејзината зависност и менталните здравствени проблеми.

 

 

Поврзани содржини