СЕВЕРИНА ОБЈАВИ ФОТКА СО ДРУГ МАЖ Пејачката ја „запали“ социјалната мрежа и ги остави фановите во прашалници (ФОТО)
Времето ќе покаже дали има нешто повеќе меѓу нив или само соработка.
Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ пред неколку дена потврди дека се развела од Игор Којиќ, со кого беше во брак шест години, а денес нејзините фанови беа изненадени од фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм каде е со друг маж.
Пејачката објави фотографија со Филип Милетиќ, долгогодишен соработник, и иако напиша дека никој нема подобар продуцент, веднаш започнаа шпекулациите дека се во врска.
– Мојот продуцент е подобар од твојот, бидејќи хитовите не лажат. Луштица, дали си подготвен? – напиша Северина.
Северина и Филип очигледно заминале на одмор заедно во Црна Гора, каде најверојатно реализираат некои бизнис планови.
Времето ќе покаже дали има нешто повеќе меѓу нив или само соработка.
View this post on Instagram