МИТЕВСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК За една година донесовме четири инвестиции во Петровец
Кандидатот за градоначалник од коализијата на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе продолжи со активностите за привлекување инвеститори во општината.
Борче Митевски актуелен градоначалник на општина Петровец и кандидат за претстојните локални избори од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓа даде отчет за сработеното и најави нови инвестиции за следните четири години.
– Во изминатиов период Општина Петровец во ниту еден момент не престана со работа и покрај тешките услови кои ги предизвика пандемијата.Општина Петровец е најуспешната општина по број на влезени домашни и странски инвеститори. Само во 2021 година Општина Петровец стана побогата за нови 24 инвеститори – рече Митевски.
Тој информир за најкрупните проекти кои се реализирани во неговиот мандат:
- Фекалната канализациона мрежа за населено место Петровец и населено место Ржаничино
- Изградба на спортски сали во населените места Катланово и Средно Коњари
- Реконструкција на културен дом и темелна реконструкција на О.У. “Братство Единство” во населеното место Сушица
- Изградба на 90 отсто на локалните улици во сите населени места во Општина Петровец
Митевски планира во следниот мандат да се ангажира на:
- Изградба на современ културен дом и нова општинска зграда во Петровец
- Изградба на нова детска градинка во населеното место Ржаничино и населеното место Долно Коњари
- Изградба на спортска сала и доизградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци
Исто така, додаде тој, ќе ги доизградиме сите локални улици во сите населени места во Општина Петровец
-Ќе продолжиме со политиката на привлекување на домашни и странски инвеститори се со една единствена цел, да го намалиме бројот на невработени лица и да ги подобриме условите за живеење во нашата Општина.Исто така ќе реализираме и други проекти по барање на жителите од секое населено место, а кој нема да бидат ставени во нашата програма – рече Митевски.