НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД АВТОМОБИЛИ И ОД МЕСО Нова студија утврдила дека мажите се поштетни за планетата од жените

Новото истражување од Шведска покажало дека мажите ѝ прават повеќе штета на нашата планета отколку жените, бидејќи претпочитаат месо и автомобили. Како резултат на тоа, се создаваат повеќе гасови со ефект на стаклена градина, пишува Си-ен-ен.

466

Студијата, спроведена од истражувачката фирма Ecoloop и објавена во списанието Journal for Industrial Ecology, опфатила мажи и жени кои живеат во Шведска и ги зела предвид нивната потрошувачка и расходите за набавки како што се храна, резерви за домаќинство, мебел, годишен одмор и гориво за автомобилите.

Утврдено е дека мажите се одговорни за просечно 16 проценти повеќе емисии на јаглерод од жените, и покрај фактот дека мажите вкупно трошат само два проценти повеќе за потребите отколку жените. Студијата дала бројни причини зошто мажите се одговорни за повисоки емисии на јаглерод и покрај тоа што трошат сличен износ сума како жените.






Жените обично трошат пари за „производи со ниска емисија на штетни гасови“, како што се здравствени материјали, мебел и облека, додека мажите трошат 70 проценти од своите пари за она што студијата го нарекла „ставки со високо влијание на стакленичките гасови“, вклучително и горивото за автомобили. Имено, тие почесто ги користат овие возила отколку жените.

На мажите треба да им се каже колку ѝ штетат на планетата

„Мажите навистина можат да учат од женските потрошувачки навики, бидејќи тие произведуваат значително помалку емисии на јаглерод и покрај сличната потрошувачка“, вели водечката авторка на студијата Аника Карлсон-Кањама за Си-ен-ен.

Таа, исто така, вели дека владите мора да ги вклучат овие родови разлики во нивното донесување одлуки при креирањето на еколошката политика.

„На пример, политиките во сообраќајот треба да бидат насочени кон мажите и да ги обесхрабрат да трошат толку многу за гориво и да ги користат толку многу автомобилите. Важно е владите да им објаснат на мажите во своите пораки колку емисии на јаглерод предизвикуваат нивните трошоци“, вели Аника.

Асмае Уркија, доктор по науки за екофеминизам и еколошка правда на Универзитетот во Лимерик во Ирска, целосно се согласува со Карлсон-Кањама.

„Машкиот идентитет стана силно поврзан со потрошувачката на фосилни горива и отфрлањето на одржливата исхрана (исхраната со помал или без внес на месо)“, изјавила Асмае за Си-ен-ен.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини