САМО ВО МАКЕДОНИЈА ПОДЗАКОНСКИ АКТ СУСПЕНДИРА ЗАКОН За личните карти Владата се става над Собранието
И тогаш нема да одите со флоскулите „победени се блокадите и слично“, кривично дело е кривично дело а тоа некој ќе го суди!!!“, коментира Мицевски на Фејсбук.
Само во Македонија може, и само „хибридниот режим“ се охрабрува со подзаконски акт, да суспендира закон. Но тоа ќе биде за кратко, а одговорностите долгорочни, напиша на Фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
„Закон за лични карти постои, нов закон за лични карти има во процедура (до каде е процедурата, каква е во која фаза е, најмалку е битно. Нов закон ќе има кога ќе биде изгласан во собрание и потпишан од ПРМ).
Е сега доаѓаме до прашањата:
– Како е можно МВР да продолжи да печати лични карти со новите обрасци кога тоа треба да биде регулирано со закон, а до вчера тврдеа дека нема да може да се издаваат лични карти.
Со тоа владата недвосмислено се става над Собранието кое е единствен законодавен орган во државата.
Намерата да се донесе нов закон за лични карти, за што постапката е блокирана во Собранието не го супспендира спроведувањето на постоечкиот.
Меѓутоа суспензијата на законот со некој подзаконски акт, недвосмислено ќе биде кривично дело, за кое некој ќе сноси далекусежни последици.
И тогаш нема да одите со флоскулите „победени се блокадите и слично“, кривично дело е кривично дело а тоа некој ќе го суди!!!“, коментира Мицевски.
Ваквата изјава доаѓа откако вчера Владата донесе одлука да издава лични карти со нови обрасци кои сè уште не се законски усвоени.