ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ ТРКААТ ВО ЛЕЖЕЊЕ Најмрзеливиот ќе земе 300 евра
Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, сѐ е дозволено освен станување, се наведува во известувањето за натпреварот објавено на Фејсбук. Победникот добива 300 евра.
Кој Црногорец ќе издржи најмногу да не стане од кревет, со тоа што ќе може да оди во тоалет на секои осум часови? Црна Гора ќе дознае наскоро бидејќи денес почнува традиционалниот натпревар во лежење во црногорското етно-село „Монтенегро“ на 34 километри од Никшиќ, а се одржува веќе десетти пат, пренесува МИА.
Победникот „легач“ ќе добие 300 евра.
„Првата награда изнесува 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, сѐ е дозволено освен станување“, се наведува во известувањето за натпреварот објавено на Фејсбук.