СОЛИДАРНОСТ НАМЕСТО КСЕНОФОБИЈА! Хелсиншки комитет апелира да не се поттикнува говор на омраза кон Авганистанците

Хелсиншкиот комитет за човекови права во наредниот период ќе ги следи случувањата на терен и ќе овозможи правна поддршка за 450 хуманитарни работници, граѓански активисти, новинари, преведувачи и нивни семејства, кои ќе бидат прифатени во земјава и згрижени во неколку хотели.

256

Апелираме медиумите, а особено политичарите, да не поттикнуваат ксенофобични чувства кај граѓаните заради постигнување одредени политички цели, реагира Хелсиншкиот комитет по интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните откако владата најави дека привремено ќе  прифати бегалци од оваа земја.

Комитетот, како што пишува во соопштението,  стравува од можното искористување на авганистанската криза во пресрет на локалните избори и очекува говорот на омраза да расте, па најави и пријави за говор на омраза и ширење ксенофобија.






„Ваквото искористување на судбината на луѓе, кои бегаат за да го спасат својот живот поради тоа што се соочени со смртни закани во својата земја, се коси со меѓународните конвенции на кои сме се обврзале како држава (Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите нации и Европската конвенција за човекови права), но и со основните морални начела за солидарност со оние кои се обесправени и чија егзистенција е директно загрозена“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права, додаваат оттаму во наредниот период будно ќе ги следи случувањата на терен и ќе овозможи правна поддршка за 450 хуманитарни работници, граѓански активисти, новинари, преведувачи и нивни семејства, кои ќе бидат прифатени во земјава и згрижени во неколку хотели.

Комитетот исто така го следи и ксенофобичниот говор во јавноста и редовно ќе поднесува пријави за говор на омраза до надлежните институции.

Поврзани содржини