САД ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ТАЛИБАНЦИТЕ Ќе се признае новата власт во Авганистан?
На прашањето дали Вашингтон го признава Ашраф Гани за претседател на Авганистан, дипломатот рече дека САД работат со меѓународната заедница на прашањето за признавање кој е надлежен во земјата.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс остави можност САД да соработуваат со новата влада во Авганистан, јави Анадолија.
– Ги продолжуваме нашите контакти со талибанците во Доха. Американската војска разговараше и со талибанците во Кабул – рече Прајс на брифингот во Вашингтон.
Според него, позицијата на САД ќе зависи од постапките на владата во Авганистан, т.е. од талибанците.
Шефот на прес-службата објави дека сите вработени во американската амбасада во Кабул, вклучително и амбасадорот, биле однесени на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, каде што се целосно безбедни. Пентагон работи на создавање безбедни и сигурни услови за продолжување на воените и трговските летови.
САД ги координираат активностите со меѓународните партнери. Државниот секретар Ентони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на неколку земји, вклучувајќи го и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.
На прашањето дали Вашингтон го признава Ашраф Гани за претседател на Авганистан, дипломатот рече дека САД работат со меѓународната заедница на прашањето за признавање кој е надлежен во земјата.