ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ЛИ КОНЕЧНО ОД АФРИКАНСКИОТ БРАН Попоски има утешна прогноза, трпение до четврток
Под влијание на посвежа воздуша маса која ќе продре од север, од четврток температурите ќе бидат конечно попријатни и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Топлотниот бран кој непрекинато трае во Македонија ќе се задржи до среда кога максималните дневни температури на воздухот и тоа особено утре и во вторник, кога се очекува максимумот на овој топлотен бран ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, најавува македонскиот прогнозер Славчо Попоски.
Според неговите прогнози услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град ќе има во вторник и во среда.
– Под влијание на посвежа воздуша маса која ќе продре од север, од четврток температурите ќе бидат КОНЕЧНО ПОПРИЈАТНИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во среда и тоа особено попладне и навечер ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер, кој Долж Повардарието ќе засилува, и токму со ова ќе започне продорот на посвеж воздух – вели Попоски.