ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ Повеќе мртви и хоспитализирани од ковид-19 во Грција

648

Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број починати од Ковид-19 и хоспитализирани лица со коронавирус.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, потврдени се 3.493 нови случаи на ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани се255 лица, 27,5 отсто повеќе од вчера.






Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун.

Во Грција, има вкупно 531.967 случаи на ковид-19, а од почетокот на пандемијата починаа 13.182 лица.

Поврзани содржини