Гугл укинува пристап на услугите за најавување на старите Андроид корисници
„Google“ се одлучил на овој чекор за да ја заштити приватноста на корисниците, но не елаборираше ниту пак детално објасни, што значи тоа во пракса.
Одржувањето на компатибилност со голем број од оперативните системи станува голем товар за компаниите, дури и за компаниите големи како „Google“.
Имено, овој гигант одлучил од 27 септември да ја укине можноста за најавување на услугите на „Google“, од уреди со Андроид 2.3.7 (Gingerbread) и постари верзии на овој оперативен систем.
Ако некој сè уште користи некој од овие телефони или таблети, по предвидениот датум нема да има пристап до „G-mail“ и сите останати сервиси кои ги нуди „Google“, а е потребно најавување.
„Google“ се одлучил на овој чекор за да ја заштити приватноста на корисниците, но не елаборираше ниту пак детално објасни, што значи тоа во пракса.
Во моментов има повеќе од три милијарди активни Андроид корисници, што значи дека овие промени ќе влијаат на поголем број луѓе, особено оние кои се држат до постарите технологии, пишува Тпортал.