Пожарникарите се бореа со девет пожари во последние 24 часа во Кумановско

За среќа нема човечки жртви и немаме сериозни здравствени повреди, освен во еден случај каде што дополнително од страна на надлежни медицински лица ќе се утврдат последиците - потенцираше Димитриевски

165

Во последните 24 часа на територија на Општина Куманово имаме регистрирано 9 пожари и интервенирано од страна на нашата територијална противпожарна единица, и тоа на отворен простор и шумски пожари локација – Тромеѓа, Четирце, Пуковско, Пезово, Бељаковце, вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевск.,

– За среќа нема човечки жртви и немаме сериозни здравствени повреди, освен во еден случај каде што дополнително од страна на надлежни медицински лица ќе се утврдат последиците – потенцираше Димитриевски.






Противпожарната едицина во составот на Општината делуваше дополнително и на три други локации. Во соседна општина Старо Нагоричане, и тоа на локација Малотино. Повеќе од 36 часа даваат континуирана поддршка на противпожарните екипи кои работат на тој терен, како и дополнително на локација на село Ваксинци и село Матејче. 

– Заклучокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување е дополнителните сили коишто ги имаме на располагање на противпожарната единица од Куманово да се стават на испомош на соседната општина Старо Нагоричане за справување со состојбата во Кокино, а воедно и силите на јавното претпријатие Чистота и зеленило коешто врши континуиран дотур на вода со свои цистерни, на овие локации дава директна помош на самите противпожарни екипи – рече Димитривски. 

Градоначалникот Димитриевски повика на смиреност и почитување на сите мерки и одлуки на Владата и централниот кризен штаб, затоа што само единствено ако сме дисциплинирани може да се излезе и да се биде корисен на пожарникарите и противпожарните единици кои деноноќно работат за спречување на ваквите состојби. 

Во однос на причината за настанатите пожари, тој истакна дека одговорноста треба да ја утврдат надлежните државни органи. 

– Според укажувањата на дел од граѓаните сметаат дека можеби и електричната инсталација на одредени локации, т.е преносот на електрична енергија е една од причините за појава на пожар на локација селото Мургаш. Лично, утрово ги посетив овие опожарени локации. Во моментов, покрај тоа што комплетно територијата на село Мургаш е ставена под контрола, се работи активно и на локација во близина на село Бељаковце или локалитет Липец, кадешто директно имаме противпожарна екипа. Апелирам до месното население кое живее во село Бељаковце и на оваа територија да биде во приправност, бидејќи имаме одредени места кои може да се реактивираат. Потребна е и граѓанска асистенција на одредени локации доколку приметат навремено да пријават до надлежните органи, а и дополнително самите да се вклучат во локализирање на таквите пожари на отворено – изјави Димитриевски. 

 

Поврзани содржини