Ќе биде ли адвокатот Петар Илиев нов премиер на Бугарија?
Го познавам Илиев, многу интелигентно момче, многу умен, добро подготвен, квалитетен правник. Единственото што би можело да ме разубеди е дали тој има доволно искуство. Тој треба да има многу добар состав на советници, кои ќе му помагаат, инаку ќе извиси, коментира професорот Огнен Герџиков.
„Адвокатот на годината“ Петар Илиев, може да биде новиот премиер на Бугарија, откако „Има таков народ“ на Слави Трифонов, сепак, реши да преговара за стабилна влада со останатите партии, објавува порталот 24 часа. Социјалистот кој зборува англиски, шпански и руски го има едно од најуспешните адвокатски бироа во Софија, а бил и заменик-министер за внатрешни работи.
– Го познавам Илиев, многу интелигентно момче, многу умен, добро подготвен, квалитетен правник. Единственото што би можело да ме разубеди е дали тој има доволно искуство. Тој треба да има многу добар состав на советници, кои ќе му помагаат, инаку ќе извиси – коментира професорот Огнен Герџиков, бивш претседател на Собранието и премиер на Бугарија во првата влада на Румен Радев во 2017 година.
Зошто бугарските медиуми шушкаат за Илиев? Кога пред неполн месец Слави Трифонов го предложи својот 42-годишен пријател за министер за правда во свое обраќање преку каналот Јутјуб, стигнаа мешани реакции од другите партии. За „Демократска Бугарија“, човек кој истовремено раководи со конзулатот на Барбадос во Бугарија, офшор земја, како на пример Белизе и други даночни раеви, не би смеел да биде министер или на каква било позиција. Трифонов брзо ја повлече својата одлука и размислуваше.
Но, и покрај сѐ, Илиев е најприфатливиот кандидат за премиер од коалиционите партнери на Трифонов, во моментов. Веројатно ќе почекаме до утре за да видиме кој ќе биде официјалниот предлог на Трифонов, велат извори од неговата партија.
Тука е секако и БСП, бугарската левица, втора по големина партија во новата влада. Можеби, сепак, ќе се најде и некој друг? Многу луѓе во Бугарија зборуваат дека Илиев бил избран затоа што бил член на масонската ложа во Пловдив, но тој е роден во Софија каде што и ја изградил својата кариера.
Илиев е автор на две книги и на повеќе од 60 научни трудови во областа на правото. Специјализирал на Англиско трговско право и Европско право на универзитетот во Бакингем во Велика Британија, каде успешно ја завршил специјализацијата. Потоа во Њујорк го специјализирал Американското трговско право.
Ако биде избран, оваа година ќе биде тешка за Петар Илиев: година во која што „Има таков народ“, „Исправи се БГ! Доаѓаме!, „Демократска Бугарија“, БСП и ДПС ќе следат дали го исполнува она што е ветено од партијата на Слави Трифонов по консултациите, коментира бугарскиот портал 24 часа.