Мијалков на испитување во „Систина“, се пожалил на болки во стомакот

584

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков попладнево од затворот во Шутка бил пренесен во Систина, објави „Телма“.

Мијалков се пожалил на болки во стомакот, по што добил дозвола од судот да замине во болницата каде ќе остане додека завршат испитувањата.






Мијалков во минатата недела ја слушна првата ослободителна пресуда за случајот „Тортура” во кој според  судот нема докази дека тој и другите обвинети имаат вина за апсењето на Љубе Бошкоски за кое обвинителството тврдеше дека било под тортура и измачување.

Поврзани содржини