Инстаграм отсега ќе го преведува вашето Story на 90 јазици

Сè што треба да направите е да го допрете маркерот и подолу ќе го видите преводот на постот на вашиот мајчин јазик.

206

Дури на 90 различни јазици ќе можете да ја преведете инстаграм-приказната која ја гледате на вашиот мобилен или лаптоп со опцијата „Види превод“, пренесува Engadget. Сè што треба да направите е да го допрете маркерот и подолу ќе го видите преводот на таа „story“ на вашиот мајчин јазик.

Погледнете како се прави тоа






Македонскиот јазик сѐ уште не е меѓу сегашните 36 јазици на Инстаграм, но можеби ќе биде меѓу новите 90. Она што со сигурно се знае е дека Инстаграм воведува многу опции во последно време. Една од нив е да се додава објаснување или caption на вашето видео. Ова засега е можно само на англиски, а интересно е дека можете да го бирате фонтот и бојата на буквите. Со ова Инстаграм им се доближува на TikTok и на IGTV кои веќе имаат ваква опција, а планирано е таа да биде достапна во повеќе земји.

Видете како

Поврзани содржини