Нови податоци на коронакартата на Европа: Македонија во портокалова зона, дел од Грција во црвена

Оваа недела делови од Шпанија и Холандија, Кипар и Крит се обележани во темноцрвена боја.

3,954

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) ги објави последните промени поврзани со ширењето на коронавирусот. Земјава сѐ уште е во портокалова зона каде што уште се и поголемиот дел од Данска, помалите делови на Шведска и Финска како и цела Франција, мал дел од Италија, и повеќе од половина од Грција.

Како и минатата недела, хрватскиот брег е сè уште портокалов, додека континенталниот дел на оваа земја е во зелената зона.






Во црвената зона се наоѓаат Португалија, повеќе од половина од Шпанија, Ирска, Луксембург, третина од Холандија, дел од Грција (Лефкада, олимпискиот регион, Кефалонија, Закинтос), мал дел од Данска и од Малта.

Областите во кои епидемиолошката состојба е најтешка се обележани со темно црвена боја. Оваа недела делови од Шпанија и Холандија, Кипар и Крит се обележани во темноцрвена боја.

Мапата се ажурира секоја недела. Ова е најважната карта за коронавирус во Европската унија, бидејќи земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја точно според бојата што ја има земјата на оваа мапа.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.

Поврзани содржини