Нова забава во Зоолошката градина, се отвора 7Д кино

Во ова кино, истакнуваат од ЗОО Скопје, ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот.

158

Зоолошката градина Скопје добива 7Д Кино, што претставува нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои, како што потенцираат во соопштение, буквално прават да бидете дел од филмот.

Во ова кино, истакнуваат од ЗОО Скопје, ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот.






– Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот. 7Д киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзор – истакна директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски

Поврзани содржини