ДАЛИ АМЕРИКАНЦИТЕ НАВИСТИНА БЕА НА МЕСЕЧИНАТА На денешен ден пред 52 години, мисијата „Аполо 11“ полета, но дали слета? (ВИДЕО)
Нил Амстронг и Баз Олдрин имаа чест да бидат првите луѓе што одеа по Земјиниот сателит, а третиот член на екипажот, Мајкл Колинс, остана во бродот „Колумбија“ и го чекаше нивното враќање.
Едно од најголемите достигнувања во историјата на човештвото – спуштањето на човекот на Месечината – започна на денешен ден 1969 година со лансирање на американскиот вселенски брод „Аполо 11“ во мисија за време на која двајца астронаути стапнаа на Месечината на 20 јули.
Нил Амстронг и Баз Олдрин имаа чест да бидат првите луѓе што одеа по Земјиниот сателит, а третиот член на екипажот, Мајкл Колинс, остана во бродот „Колумбија“ и го чекаше нивното враќање.
Првите четири дена од мисијата поминаа според планот, но дваесет минути пред да слетаат на Месечината, екипажот наиде на низа проблеми.
Радио контактот со контролниот центар во Хјустон за кратко беше изгубен – во модулот „Орел“, со кој Армстронг и Олдрин слетаа на Месечината, се огласи аларм.
Од Хјустон им било наложено да ја продолжат мисијата и дека станува збор за компјутерски проблем кој е преоптоварен.
Астронаутите се префрлиле на рачна контрола и слетале на површината. Слегувајќи од „Орелот“, Армстон ја кажа познатата реченица: Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото.
Баз Олдрин подоцна рече дека Армстронг на почетокот на подготовките за мисијата му рекол дека „ќе го користи повисокиот ранг и дека тој ќе биде првиот што ќе зачекори на површината на Месечината“.
– Одлучив да молчам, се обидов да не му се лутам на Нил – напиша Олдрин подоцна во своите мемоари.
Многумина се сомневаа во успехот при слетувањето на Месечината во првиот обид, но не и Нил Армстронг, како искусен воен пилот.
– Чувствував дека имаме 90 проценти шанса да се вратиме безбедно и околу 50% шанси за успешно слетување на Месечината – објасни тој.
Баз Олдрин опиша како изгледала прошетката по Месечината:

– Почнав да трчам малку и се чувствував како да сум во бавно движење, честопати со двете нозе во воздухот.
За време на два и пол часа пешачење по површината на Месечината, Армстронг фотографирал купишта карпи додека Олдрин инсталирал сеизмометар и два други научни инструменти.
Тие го подигнаа американското знаме и оставија зад себе неколку предмети, вклучувајќи медал во чест на првиот човек во вселената – Русинот Јуриј Гагарин.
Од 857 црно-бели фотографии и 550 во боја, само четири го покажуваат Армстронг. Олдрин е на повеќето од нив.
– Тој е многу пофотогеничен од мене – се пошегува Амстронг.
За тоа време, Колинс чекал во орбитата 22 часа. Тој цело време стравуваше дека ако работите тргнат наопаку, можеби ќе мора да ги остави колегите на Месечината и да се врати сам на Земјата.
– Ако не успеат да се издигнат од површината на Месечината или да се срушат, не планирам да се убијам, но знам дека ќе живеам со целта на грбот до крајот на мојот живот – објасни Колинс подоцна што се минувало низ неговата глава во тоа време.
Тие се вратија на Земјата на 24 јули, кога капсулата за кратко време се претвори во огнена топка на небото, пред трите падобрани да се отворат и безбедно да слетаат во Тихиот океан.
Ниту еден од овие тројца астронаути никогаш не се вратил во вселената. По уште шест мисии, програмата „Аполо“ беше укината во 1972 година.

Податоците покажуваат дека 400.000 луѓе работеле на вселенската програма „Аполо“ во различни мисии.
Слетувањето на луѓето на Месечината до денес е придружено со разни полемики и тврдења на скептиците дека целата мисија е „лажна“ и дека во тоа време било невозможно да се слета на Месечината поради послабите технички услови, истакнувајќи дека со децении по овој подвиг, следните мисии во вселената не пристапија на Земјиниот сателит, дури не му се ни доближија.
Во различни теории на заговор се наведуваат за наводни сомнителни фотографии од Месечината, некои технолошки нелогичности, знаме кое се вее иако е простор што не го дозволува тоа …
Но, никој со сериозни научни препораки на овој ден не го оспори летот на човекот кон Месечината, што останува еден од најголемите потези во историјата на човештвото.