Македонија најматна во Европа по пречистување на водите

Иако македонската влада вети дека до крајот на годината ќе почнат да се градат пречистителни станици за отпадни води во Тетово и во Битола, а во Скопје до првата половина на 2022 година, уште нема ни трага ни глас од ваквиот капитален проект.

331

Само 21,7 отсто од отпадните води во македонските градови биле пречистени пред да се испуштат во реките или езерата во 2018 година, што нè става на дното во Европа, заедно со Србија (21,9 отсто) и Косово (0,6 отсто) кои се единствени полоши од нас, пишува Мета.

Иако македонската влада вети дека до крајот на годината ќе почнат да се градат пречистителни станици за отпадни води во Тетово и во Битола, а во Скопје до првата половина на 2022 година, уште нема ни трага ни глас од ваквиот капитален проект. Меѓудругото, од нашиот пристап кон пречистувањето на урбаните води ќе зависи и нашиот пат кон ЕУ – која бара ваков тип на реформи во процесот на интеграција во Унијата.






Од соседите, Албанија им обезбедила на 33,6 отсто од своите граѓани пристап до пречистена отпадна вода во нивното место, Хрватска на 36,9 отсто, а Бугарија изненадува со нејзиниот скок од 36,1 на 63,7 отсто во периодот од 2000 до 2018 година, земајќи го предвид фактот, дека во 2008 таа стана членка на ЕУ и мораше да имплементира посериозни чекори во насока на пречистување.

Во ЕУ-земјите се пречистуваат речиси 100 отсто од отпадните води пред да влезат во поголема река, езеро или море. Тоа не треба да нè чуди, бидејќи уште во 1991 година ЕУ ја донесе Директивата за урбани отпадни води (91/271 ЕЕС).

Со оваа директива, на земјите-членки на ЕУ им се наложи до 2000 година да изградат станици за пречистување на отпадните води за сите населени места кои имаат 15.000 или повеќе жители.

Поврзани содржини