Хеликоптер над Марс го сними езерото Кратер (ФОТО)
Кратер е остаток од античко езеро кај што може да има остатоци од некогашниот живот на Марс. Снимени се и песочни дини наречени „Подигнати врвови“, кои научниците сакаат да ги посетат со ровер.
Четири восхитувачки фотографии во боја од планетата Марс испрати хеликоптерот Ingenuity на НАСА, кој по деветти пат леташе во небото на Црвената планета, пренесува Футуризам. На 5 јули тој самиот го надмина својот рекорд за летање во време, но и во должина – тој сега леташе цели 625 метри – напишал главниот пилот на леталото, Хауард Грип, во својот блог.
Ingenuity или „Генијалност“ , фотографирал пејсажи од Марс во кои се гледаат стапки на роверот Perseverance (Упорност). Тешкотијата била во тоа што овој пат, деветтиот пат, „Генијалност“ требало да лета над нерамен терен, а тоа го вознемирило тимот на НАСА. Имено, хеликоптерот го скенира тлото под себе за да го идентификува теренот и полесно да лета.
Погледнете ги фотографиите кои беа објавени на Твитер:
These images were taken by #Ingenuity on July 5, 2021 (sol 133), during the #MarsHelicopter‘s 9th flight on Mars. Check out those amazing rover tracks and rock formations!
📸: NASA/JPL-Caltech pic.twitter.com/8gqd3PPcSX
— Haygen Warren (@haygenwarren) July 8, 2021
„Разликите во висината на теренот ќе предизвикаат поместување на карактеристиките низ видното поле со различна брзина, а алгоритмот за навигација на Ingenuity сè уште„претпоставува дека земјата подолу е рамна“, напиша Грип во својата објава.
Фотографиите во боја практично го покажуваат дното на она што некогаш било езерото Кратер, објаснува водечкиот пилот.
Кратер е остаток од античко езеро кајшто може да има остатоци од некогашниот живот на Марс. Исто така снимени се и песочни дини наречени „Подигнати врвови“, кои научниците сакаат да ги посетат со ровер.