Почина Адамантиос Василакис, грчкиот преговарач во спорот за името со Македонија

684

Грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, кој беше главен преговарач во спорот со името со Македонија, почина на 79 години, јавуваат грчките медиуми.

Тој долги години работеше како дипломат, а служеше и на клучни позиции во Европската унија и Обединетите нации.






Од 2007 година тој ја претставуваше Грција во спорот со Македонија, чиј медијатор беше Метју Нимиц.

Поврзани содржини