Главен таргет е на 1 септември децата да ги пуштиме со физичко присуство на настава. Многу важно е во септември да направиме попис, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.
– Тое е попис на граѓаните и ич не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, тоа е мојот народ, еднакви граѓани за сите – порача Заев.
Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. На една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на С Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи Заев.
– Ќе има уште повеќе инвестиции, Северна Македонија конечно е сигурна и стабилна земја под закрила на НАТО, продолжуваме понатаму да инвестираме во инфраструктура, тоа е предуслов за нови инвестиции, со ТАВ програмата градиме водоводи и канализации. За 26 години се изградни 17 отсто канализации во државата, за 4 години го кренавме тој процент на 34 процент – рече Заев.