„Пријатели“ и „Хари Потер“ во Унгарија ќе бидат прогласени за геј-пропаганда

Активистите на ЛГБТ движењето во Унгарија и меѓународните организации остро го критикуваат нацрт-законот и го споредуваат со законот во Русија од 2013 година, со кој се забранува „геј-пропаганда“.

429

Во Унгарија наскоро сериите како „Пријатели“ и книгите и филмови како „Бриџит Џонс“, „Хари Потер“ и „Били Елиот“, кои зборуваат за хомосексуалноста, би можеле да бидат забранети за малолетници.

Унгарските законодавци усвоија предлог-закон за забрана на размена на каква било содржина со малолетници, ако тоа укажува или промовира хомосексуалност. Предлог законот беше усвоен со 157 гласови „за“ и 1 „против“.






Владејачката партија Фидес има парламентарно мнозинство, а пратениците од екстремно десничарската партија Јобик исто така ја поддржаа регулативата. Сите други опозициски партии ја бојкотираа седницата во знак на протест против дискриминацијата на ЛГБТ популацијата.

Активистите на ЛГБТ движењето во Унгарија и меѓународните организации остро го критикуваат нацрт-законот и го споредуваат со законот во Русија од 2013 година, со кој се забранува „геј пропаганда“.

Поврзани содржини