ШОКАНТНО Невестата починала на свадбата, па младоженецот се оженил со сестра ѝ

Иако звучи како сценарио за бизарен филм, ова навистина се случило во индиската држава Утар Прадеш.

3,935

Една невеста починала на сопствената венчавка во Индија, но сепак, свадбата се одржала – младоженецот едноставно се оженил со нејзината сестра.

Иако звучи како сценарио за бизарен филм, ова навистина се случило во индиската држава Утар Прадеш, пишуваат локалните медиуми.






Невестата Сураби доживеала срцев удар во текот на свадбената церемонија со младоженецот Маној К., пренесува локалниот портал „Њуз18“.

Имено, младенците разменувале венци на традиционален хиндуистички начин кога Сураби се срушила. Лекарот можел само да ја прогласи за мртва, пренесува „Ртл.де“.

Меѓутоа, наместо да ја откажат прославата поради трагичниот настан, семејствата смислиле бизарно решение – церемонијата да продолжи, а младоженецот Маној К. едноставно се оженил со сестрата на починатата невеста.

Нејзиниот брат Саураб рекол дека „тие не знаеле што да прават во оваа ситуација“.

– Семејствата се консултираа и некој предложи мојата помала сестра Ниша да се омажи за младоженецот. Сите се согласија со тоа – рекол тој.

Телото на починатата невеста било однесено во соседната соба.

– Тоа беше тешка одлука. Семејствата поминaa низ разни емоции. Едната ќерка беше мртва во собата, а венчавката на другата ќерка се одржуваше во соседната соба – рече чичкото на починатата Сураби.

Поврзани содржини